Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси оваа сезона мака мачи со реализацијата. Алваро Мората по очајната полусезона си замина во Атлетико Мадрид, а и неговата замена, Гонзало Игуаин игра далеку под очекувањата.
Челси доби и забрана за трансфери, но со вложување на жалбата може да го одложат процесот и да успеат да регистрираат играчи во летниот преоден рок.
Поранешниот легендарен напаѓач на Челси, Џими Флојд Хаселбан посочи дека Игуаин не е решение за нападот на клубот и посочи дека Челси мора да посочи напаѓач што побрзо.
„На Челси очајно му треба проверен напаѓач, така, јас би сакал да тргнат по Левандовски или Икарди. Икарди е подобра опција затоа за Левандовски сум загрижен поради годините. Мислам дека Икарди е реална мета и според мене полесно би се адаптирал на Премиер лигата“ –истакна Хаселбенк.