До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност по веста која одекна како бомба на Олд Трафорд.
Според информациите што ги донесува угледниот “The Athletic”, Оле Гунар Солскер се разгледува како опција за враќање во клубот на позицијата привремен тренер до крајот на сезоната.
Оваа вест доаѓа по тоа што Манчестер Јунајтед вчера ја раскина соработката со Рубен Аморим, оставајќи го клубот без долгорочно решение на клупата.
Управата на Црвените ѓаволи наводно сака стабилност до лето, кога би се донела конечна одлука за нов постојан тренер.
Во тој контекст, името на Оле Гунар Солскер се појави како логичен избор, имајќи предвид неговото длабоко познавање на клубот и околината.
Норвежанецот веќе го водеше Манчестер Јунајтед во периодот од 2018 до 2021 година, најпрво како привремен, а потоа и како постојано решение.
















