Легендата пред едно од најголемите градски дербија со ретки зборови го пофали Модриќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во недела ќе се игра еден од најголемите дербија на светскиот фудбал – Derby della Madonnina меѓу Милан и Интер. Но овојпат станува збор за многу повеќе од градско ривалство, бидејќи исходот силно би можел да ја насочи трката за титулата во Италија.

Интер влегува во дуелот со десет бода предност на врвот на табелата. Победа на Нераѕурите би ги донела блиску до скудетото, додека евентуален триумф на Росонерите повторно би го комплицирал првенството и би ја вратил надежта на навивачите на Милан.

Пред големиот судар, се огласи и легендарниот Бразилец Рикардо Какá, добитник на Златната топка од 2007 година и еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Според него, клучниот човек на дербито би можел да биде – Лука Модриќ.

„Лукита е природна сила. Фантастично е да го гледаш неговиот ентузијазам, водство и техника. Игравме заедно во Реал и добро знам каков менталитет има. Можеби малку ме изненадува што и понатаму е толку мотивиран по сите освоени трофеи, бидејќи е човечки малку да се изгуби жарот кога ќе освоиш сè. Но, Лука е неверојатен – сè уште сака да игра, да го води тимот и да ја троши енергијата“, рече Какá.