Легенди на Јунајтед распалија по клубот: Немаме ниту тренер, ниту лидер на терен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарните фудбалери на Манчестер јунајтед, Пол Сколс и Рио Феринанд пронајдоа виновник за елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Лигата на шампиони (ЛШ).

Јунајтед вчера беше поразен на „Олд Трафорд“ од Атлетико Мадрид со 0-1 со што се збогуваше од елитното натпреварување.

„Јас не знам како Ралф Рангник стана тренер на Јунајтед, тимот мора да има вистински стратег. Има многу таленти во оваа екипа. Немаше да се соочиме со ваква ситуација ако предводник ни беше Диего Симеоне“, кажа Сколс.

Фердинанд додаде дека Јунајтед има и друг проблем, а тоа е недостаток на лидер на теренот.

„Атлетико има група играчи во кои тренерот може да верува во секој момент. Тие ја разбираат неговата филозофија. Во Јунајтед се гледаат меѓу себе и се прашуваат кој ќе изведе магија“, вели Фердинанд.