Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналд Куман од денеска е нов тренер на каталонскиот гигант Барселона, а во минатото имал прилика да работи во Ла Лига.
Тој беше тренер на Валенсија во 2007 година и не остави буквално никаков впечаток додека беше на „Месталја“.
Сегашниот легендарен фудбалер на Бетис, а некогашен играч на Валенсија, Жоакин во една прилика за Куман изјави:
„За само пет месеци уништи тим кој можеше да биде фантастичен. Освен што докажа дека е лош тренер се покажа и како лоша личност. Го паметам по тоа дека никогаш не сакаше на никој да му каже нешто во лице.Единствено што му беше важно е за вечера да му се сервираат пет бокали фино вино, беше како алкохоличар“ –изјави Жоакин.
Куман отворено беше критикуван и од страна на легендарниот голман на Валенсија, Сантијаго Канизарес.
„Дојде да ја поправи ситуацијата во тимот, но наместо тоа го уништи до крај“ –изјави Канизарес за Куман, а потоа се осврна за неговиот период поминат во Евертон.
„вертон даде рекорден износ за засилувања на Куман, на човек кој не знае како да направи успешен еден проект. Се надевам некогаш ќе научи“ –изјави Канизарес.
Со свој коментар излезе и крилниот фудбалер кој е симбол на тимот на Валенсија, Висенте.
„НИе најдобро игравме и освојувавме трофеи со 4-4-2 значи со крила. Штом Куман дојде, веднаш ја промени тактиката. И покрај тоа што неговата промена донесе само очајни резултати инсистираше на неа. Како личност се покажа тежок и кавгаџија, многу ми олесни кога си замина“ –изјави Висенте.