Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс синоќа славеше против Голден Стејт вориорс со 127-97 и поведе со 2-1, додека Мајами беше подобар од Њујорк со 105-89 за водство од 2-1 во полуфиналната серија.
Лејкерс го заборави поразот од Сан Франциско и го истури гневот врз „воините“, а најефикасен на теренот беше Дејвис со 25 поени, додека Џејмс и Расел постигнаа по 21 поен. На спротивната страна Кари постигна 23 поени.
Џими Батлер го предводеше Мајами до нов триумф против Њујорк, откако постигна 28 поени за својата екипа, додека на спротивната страна најдобар беше Брансон со 20 поени.