Лејкерс ќе игра против Индијана во финалето на НБА купот (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс ќе се соочи против Индијана пејсерс во првото финале на НБА купот, кое ќе се одигра во Лас Вегас.

Индијана се избори за финале по неизвесен меч и триумф против Милвоки бакс со 128-119, а противникот го скрши дури во последната четвртина.

Халибартон постигна 27 поени и 15 асистенции за Индијана, додека на спротивната страна Јанис Адетокумбо запиша 37 поени.

Лејкерс беше подобар од Њу Орлеанс со убедливи 133-89, а во победата блесна Леброн Џејмс со 30 поени.