Лејкерс по две продолженија го победи Голден Стејт (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс се враќа од Сан Франциско како победник против Голден Стејт вориорс (145-144), а мечот го одбележа Леброн Џејмс со трипл-дабл.

Џејмс со две слободни фрлања на 1,2 секунди пред крајот на второто продолжение ја обезбеди победата за поранешниот шампион, а мечот го заврши со 36 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

„За ова ќе им раскажувам на внуците, за тоа како се натпреварував со најдобрите кошаркари во историјата“, кажа Леброн за неговите ривали.

Освен Леброн, во тимот на Лејкерс блесна и Ентони Дејвис со 29 поени и 13 скокови, додека за „воините“ по 22 поени постигнаа Вигинс и Куминга.