Лејкерс по седум години на праг до плејоф: Само еден кошаркар играл и во двата тима!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс синоќа на домашен паркет триумфираа против Милвоки бакс со 113-103.

Лејкерс потврдија дека со причина се главни фаворити за освојување на титулата во НБА, па во моментов имаа 48 победи и 13 порази.

Ова ќе биде да ги видиме за првпат во плејофот по седум години, а последен пат тоа се случи во сезоната 2012/13 кога Лејкерс ги предводеше Коби Брајант.

Интересно е тоа што по седум години во екипата на Лејкерс има ист кошаркар. Станува збор за Двајт Хауард, кој тогаш беше стартер во тимот, а пред оваа сезона пристигна во Лос Анџелес и се покажа како добро засилување.