Лејкерс во карантин иако никој нема симптоми на коронавирус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс завршија со 14-дневен карантин по што беше заклучено дека никој од кошаркарите немал симптоми на коронавирус.

Иако првично беше објавено дека двајца кошаркари на тимот се тестирани позитивни на Ковид-19, откако истече двонеделниот карантин, никој од кошаркарите на овој тим немаше ниту еден симптом на овој злобен вирус.

Коронавирусот дојде во НБА лигата на почетокот на март кога беше објавено дека центарот на Јута Џез Руди Гобер е заразен со вирусот. За неколку дена беше објавено дека Донован Мичел има симптоми. Подоцна, уште неколку кошаркари се разболеле од короната, но досега огромното мнозинство од нив успешно се лекувале и немаат последици.

Во последниве денови, Ковид-19 се шири со голема брзина во цела САД, при што сè повеќе се заразуваат од ден на ден.