Лејкерс во проблеми: Дејвис и Леброн не се сигурни за божиќниот дуел со Клиперс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс би можел да влезе во криза затоа што Леброн Џејмс најверојатно ќе мора да паузира, а исто така и Ентони Дејвис, па ниту тој не е сигурен за дербито на Божиќ против Лос Анџелес клиперс.

Џејмс се повреди во мечот против Милвоки, а Дејвис својата повреда ја заработи против Денвер, па поради тоа ќе мора да паузираат одреден период.

Леброн досега во просек постигнува по 25,8 поени, 7,5 скокови и 10,6 асистенции, додека Дејвис има ефект од 27,9 поени, 9,4 скокови и 3,3 асистенции, а тоа покажува колку се важни за тимот на Лејкерс.

Засега не е познато дали ќе настапат, а дека се неизвесни за спектаклот со Клиперс потврдија и од Лејкрс на социјалните мрежи.