Лекарите прогнозираат: Ембид никогаш нема да биде оној стариот!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Џоел Ембид повеќе отсуствува од теренот, отколку што е на него оваа сезона.

Многумина сметаат дека причина е и преголемиот ангажман и играњето на Олимписките игри во Париз, во главно, јасно е дека Ембид и на оние натпревари на кои беше спремен, не го покажа квалитетот од минатите сезони.

Причината е тоа колено кое го мачи, веќе закажал операција за лето, но има уште проблеми.

Јасно е дека на Ембид целта му е неговото колено целосно да се опорави, но тимот лекари што го советува смета дека тоа во моментов не е можно. Дури се контактирани и специјалисти надвор од организацијата, но сите прогнозираат исто.

Изгледа дека Ембид ќе паузира добар дел и од следната сезона…

Се чини дека неговата потрага по МВП награди во иднина е дефинитивно завршена.