„Л’Екип“ ја открива иднината на Нејмар: Можно е сценарио кое на никој не му одговара! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нејмар повеќе нема да заигра за ПСЖ, барем така тврдат француските медиуми, а сега се огласи и „Л’Екип“, кој го „потврди“ тоа.

Французите пишуваат дека Парижаните се замориле од сапуниците со бразилската ѕвезда, која пред две лета пристигна од Барселона за 222 милиони евра.

ПСЖ бара 180 милиони евра до 10 август, па ако Барселона тоа не го плати, Нејмар најверојатно ќе остане во Париз.

Само тогаш би можел да биде целосно надвор од екипата и плата да добива за гледање на натпреварите од трибини.

Тоа би било навистина поразителен епилог за сите три страни и сценарио, кое ниту една страна не го посакува.