„Л’Екип“: Отсуството на Бензема има позитивно влијание врз француската репрезентација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската репрезентација не може да смета на Карим Бензема на Мундијалот во Катар, но и покрај тоа имаше убедлив старт на Светското првенство, а „Л’Екип“ пишува дека во моментов владее одлична атмосфера во соблекувалната на селекцијата.

Бензема си заминал без да се поздрави со неговите колеги, а наводно сега атмосферата во соблекувалната била подобра затоа што Килијан Мбапе функционирал подобро со Оливие Жиру, отколку со напаѓачот на Реал Мадрид.

Медиумот пишува дека ниту Дидие Дешам не жали премногу за Бензема, а тоа може да се забележи и на теренот, а сега се надева на втор триумф на Мундијалот, и тоа против Данска во мечот кој се игра денеска од 17 часот.