„Л’Екип“: ПСЖ ја одреди цената за Мбапе


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Килијан Мбапе најверојатно ќе замине од ПСЖ во текот на летото, затоа што тимот не сака да го пушти бесплатно идното лето.

ПСЖ го стави Мбапе на трансфер-листата, а „Л’Екип“ објави дека цената која ја бара тимот за негов трансфер е 150 милиони евра.

Во изминатиот период се шпекулираше за различни суми, но сè уште нема конкретни понуди за Французинот од ниту еден клуб, иако веќе пет екипи се заинтересирани за неговиот потпис.

Реал Мадрид е најсериозен кандидат за потписот на Мбапе, а во игра се и Ал Хилал, Челси, Манчестер јунајтед и Тотнем.