„Л’Екип“: Заминувањето на Мбапе од ПСЖ е – предавство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот медиум „Л’Екип“ пишува дека заминувањето на Килијан Мбапе го сметаат за предавство во ПСЖ.

Мбапе на крајот на сезоната го напушта францускиот шампион, а негов следен клуб во кариерата ќе биде Реал Мадрид со кој се поврзуваше неколку пати досега во кариерата.

Одличниот напаѓач ќе замине бесплатно од Париз, а тоа нема да му го прости раководството на ПСЖ.

„Не можете да му кажете ‘не’ на Насер, не можете да му кажете ‘не’ не Катар“, открил извор од клубот за медиумот.

ПСЖ имаше неколку обиди да го премисли Мбапе, но францускиот голгетер не се откажува од својата идеја.