„Л’Екип“ знае каде ќе игра Халанд следната сезона!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд на лето ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд, како што се очекуваше, а француски „Л’Екип“ открива каде ќе заигра талентираниот играч.

Дортмунд ќе го продаде Халанд за 75 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, а на тоа доаѓа провизија за менаџерот Мино Рајола и таткото на играчот, Алф-Инге, додека платата на самиот фудбалер ќе биде околу 30 милиони евра годишно.

Наводно само еден тим може да даде толку пари во моментов, а тоа е ПСЖ, па Халанд од следното лето ќе го носи дресот на парижаните, кои по сè изгледа ќе останат без Килијан Мбапе.

Одличниот 21-годишен фудбалер во Дортмунд стигна во 2020 година за 20 милиони евра, а на 75 меча досега постигна 76 гола и 20 асистенции.