Леклер повеќе нема да биде прв возач на Ферари во Ф1!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шарл Леклер минатата сезона имаше добар почеток, меѓутоа ја загуби битката против Макс Ферстапен од Ред Бул, па затоа новиот шеф на Ферари, Фред Васер кажа дека во иднина тој нема да ја носи таа улога.

Леклер ќе има иста улога како и Карлос Саинц, односно двајцата ќе имаат еднакви шанси за титулата.

„Приоритет ни е Ферари да победува. Повеќе нема да има прв и втор возач. Секако, можеби во одреден момент на некој ќе му треба наша помош, односно помош од вториот возач, а тоа ќе го овозможиме“, кажа Васер.