Леклер повторно разочаран од Ферари: Не можам да го прифатам ова!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Иако на трката за Големата награда на Емилија-Ромања успеа да заврши на шестото место, Леклер не ја криеше фрустрацијата поради фактот што мораше да се пробива низ средината на поредокот.

Саботните квалификации ги заврши уште во втората рунда, а иако во недела освои бодови, целокупната слика уште еднаш не ги задоволи неговите амбиции.

Во генералниот поредок моментално заостанува големи 85 бодови зад лидерот Оскар Пјастри, а единствениот подиум во сезоната го оствари во Саудиска Арабија, каде што беше трет.

„По трката реков дека ова е една од оние трки каде мораш да возиш со срце и да ги рашириш лактите“, изјави Леклер.

„Знам дека во такви ситуации одиш до самите граници, понекогаш и малку преку. Но кога стартуваш како единаесетти, како возач едноставно не можам да прифатам каде се наоѓаме“, вели тој.

Фото: Принтскрин