Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ферари утрово потврди дека Себастијан Фетел ќе го напушти овој италијански тим на крајот на оваа сезона.
Фетел пристигна во Ферари пред пет години од Ред Бул, но тој навистина не блескаше во легендарниот тим. Иако тие преговараа неколку месеци за да ја продолжат соработката, на крајот Ферари и Фетел не успеаја да постигнат договор.
Италијанскиот тим утрово потврди дека Фетел на крајот на оваа година ќе го напушти Ферари и интересно е да се види кој ќе го заземе своето место. Наводно, во игра се Карлос Саинз и Даниел Рикиардо.
Вториот возач на Ферари, Чарлс Леклерк, исто така, му се заблагодари за се на Фетел и му призна дека научил многу од него минатата сезона.
“Голема чест беше да бидам твој тимски колега. Имавме неколку напнати моменти на патеката. Некои беа многу добри, а некои не завршуваа онака како што сакавме, но пред сè секогаш имаше почит иако многумина не го видоа тоа така. Никогаш не научив онолку колку што научив минатата сезона од тебе. Благодарам за сè, Себ“, рече Леклерк.
It's been a huge honor for me to be your team mate. We've had some tense moments on tracks. Some very good ones and some others that didn't end as we both wanted, but there was always respect, even though it wasn't perceive this way from the outside.
— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) May 12, 2020
1/2 pic.twitter.com/cN0E9t3huw