Ленард потпиша нов договор и ќе добие 152,4 милиони долари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шамс Шаранија ги објави деталите од новиот договор кој Кавај Ленард го потпишал со Лос Анџелес Клиперс.

Искусниот кошаркар ќе остане во Клиперс уште три години, а притоа ќе заработи неверојатни 152,4 милиони долари.

Ленард пристигна во Лос Анџелес во 2019 година, откако претходно во кариерата играше за Сан Антонио и Торонто.

Оваа сезона тој настапи на 32 меча во НБА-лигата, а во просек постигнува по 23,8 поени, 6,1 скокови и 3,4 асистенции по натпревар.