Леонардо ги „отвори картите“ – откри што се случува со Нејмар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сапуницата за иднината на бразилскиот фудбалер Нејмар уште трае, а до крајот на преодниот рок останаа уште два дена.

Летниот преоден рок завршува на втори септември и Барселона повеќе нема време да го врати Нејмар од ПСЖ.

ПСЖ не сака да го пушти толку лесно и од Барселона се обидуваат да добијат пари плус една ѕвезда.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кажа дека договор уште нема, но Нејмар сака да се пресели само во Барселона.

„Во моментов нема договор за Нејмар. Барселона ја испрати првата понуда на 27 август. Отворени сме за преговори, но уште не го добивме тоа што го сакаме. Од нив зависи дали ќе има преговори. Нејмар сака да се пресели само кај нив. Ние сакаме да го продадеме, но нема да го направиме тоа за било која цена. На крајот ќе бидам искрен и ќе откријам дека нашите односи со Нејмар не се добри“, порача Леонардо.