Леонардо не знае за доста: Уште четири мега засилувања за ПСЖ

ПСЖ нема да запре со трансфери по ангажирањето на Рамос, Хакими, Донарума и Вајналдум, туку сега се планираат уште неколку трансфери.

Еден од фудбалерите кои се на листата со желби е Калиду Кулибали, а таму се уште и Пол Погба, а како алтернативи се споменуваат Ауар или Пјаниќ.

Во нападот ќе се обидат да го земат Роналдо, иако тоа не е можно во моментов, а како други засилувања се споменуваат Тео Ернандез од Милан.

Иако Леонардо има големи желби, сепак допрва треба да се водат преговори, а најверојатно ПСЖ нема да може да ги добие сите фудбалери кои ги сака затоа што Милан и Јувентус не се откажуваат лесно од Ернандез и Роналдо.