Леонардо се отвори: Зборуваше за Нејмар и Мбапе, а потоа и за можните трансфери на Меси и Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директот на ПСЖ, Леонардо даде одговори на многу прашања кои ги интересираа новинарите за тоа како ќе изгледа екипата во следната сезона.

Леонардо кажа дека никој не треба да се грижи поради Нејмар и Килијан Мбапе бидејќи тие двајца ќе останат во Париз.

Долги месеци се шпекулира дека ПСЖ ќе тргне по потписот на Лионел Меси, а за тоа зборуваше и Леонардо.

„Фокусирани сме на обврските кои ги имаме, зашто ни претстои важен дел од сезоната. Немаме големи планови за иднината, освен да ги продолжиме договорите со нашите играчи. Немам што друго да кажам за Меси“, вели Леонардо.

Исто така, Леонардо доби прашање дали го сака Кристијано Роналдо, кој е на праг да замине од тимот.

„Многу сме среќни што најдобрите фудбалери се поврзуваат со нас, тоа е добро, но со Роналдо во моментов нема ништо“, објасни директорот на ПСЖ.