Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираната македонска ракометарка, 24-годишнат Леонида Гичевска се врати во Франција каде што ќе игра за четирикратниот француски првак Безансон.
Безансон последната титула ја освои во 2003 година, а на Гичевска ќе ѝ биде трет клуб во Франција, откако претходно играше за Самбре-Авесноа и Ле Пузин.
„Среќна сум што доаѓам во Безансон. Ова е клуб со богата историја и има големи цели за иднината. Ќе го дадам најдоброто од себе, со нетрпение очекувам да почне оваа авантура“, кажа Гичевска.
Безансон во моментов е на седмата позиција во францускиот шампионат.