Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Турскиот Фенербахче, за кој брани хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, е блиску до договор во врска со трансферот на играчот од средниот ред на ПСЖ Марко Асенсио (29), објавија италијанските медиуми.
Асенсио по седум години во Реал Мадрид, во летото 2023 година како слободен играч премина во ПСЖ. Но, во европскиот шампион имаше скромна минутажа, па во пролетниот дел од минатата сезона беше на позајмица во Астон Вила, каде што постигна осум голови и една асистенција. Договорот со францускиот клуб му истекува во јуни следната година.
Кариерта ја започна во Мајорка, а како 19-годишен премина во Реал Мадрид. „Кралевите“ прво го пратија на позајмица во Еспањол, а во летото 2016 година се врати во Реал, за кој одигра 286 натпревари и постигна 61 гол и 32 асистенции. За шпанската репрезентација има собрано 38 настапи, при што постигна два гола.
Фото: Принтскрин