Лерој Сане се поблиску до голем трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претставниците на фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане влегле во напредни преговори со тимот на Баерн Минхен кој долго време го посакува играчот.

Крилниот фудбалер беше мета на „баварците“ и лани, но тогаш работата ја расипа незгодната повреда на играчот која го оддалечи целата сезона.

Сега неговата цена токму поради повредата, но и поради коронавирусот е значително падната, па тој ќе може да се врати во својата татковина за многу помалку од 80 милиони фунти колку што беше најавено.

Се верува дека Баерн Минхен би можел да го обезбеди неговиот потпис и за 60 милиони фунти.