Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Абердин влезе во ритам благодарение на одличниот македонски репрезентативец Бојан Миовски кој постигна три од четири гола во последните две победи на својот тим.
Македонскиот фудбалер стигна до бројката од 15 голови и сега е трет најдобар стрелец во Шкотска, па доби и пофални зборови од тренерот Бери Робсон.
„Лесно е да си тренер на Миовски. Секогаш му велам иста работа, трчај брзо, давај голови и тој го прави тоа. Го направи и против Ливингстон. Миовски даде гол со кој ги исфрли од ритам“, кажа Робсон.
Абердин е шести на табелата со 35 бодови, односно два помалку од Хиберниан и Сент Мирен.