Лестер ќе биде страшен следната сезона: „Лисиците“ ангажираа уште еден одличен фудбалер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лестер сити е активен и во последниот ден од преодниот рок, па тренерот Брендан Роџерс по откупот на договорот на Јури Тилеманс добива уште еден одличен фудбалер во средниот ред.

Станува збор за уште еден Белгиец, кој заедно со Тилеманс играше во Андерлехт во минатото, а тоа е Денис Прает.

Џенова ќе добие 21 милион евра за неговте услуги, а тоа за „лисиците“ е ново засилување. Тие претходно ги купија Ајозе Перез од Њукасл за 30 милиони евра, Џејмс Џастин за осум милиони од Лутон, но го продадоа Хари Мегваер за нов светски рекорд за стопери, откако Манчестер јунајтед плати дури 90 милиони евра за неговите услуги.