Лестер му пресуди на Пелегрини, искусниот стратег ја завршува годината со отказ од Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш по натпреварот со Лестер во кој претрпеа пораз од 2:1, од таборот на Вест Хем соопштија дека Мануел Пелегрини повеќе нема да биде тренер на клубот.

Искусниот стратег помина 18 месеци на клупата на „чеканите“, но оваа сезона ја започна катастрофално и покрај тоа што се инвестираше во клубот.

Сега јавноста почна да шпекулира со имињата кои би го наследиле Пелегрини, а се верува дека Дејвид Мојс е прв избор на Саливан и би можел да се врати во клубот кој го водеше шест месеци и го спаси од бездната во 2017 година.