Лестер повеќе нема да биде исти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најзаслужните за сензационалниот успех на Лестер, повеќе не е член на Лисиците.

Осипувањето на шампионската екипа продолжува.

Прво Канте замине во Челси, сега се шушка дека клубот може да го напушти и Марез кој наводно одбил нов договор, а  шпекулациите и на заминување на човекот кој горе-споменатите двајца и ги доведе на Кинг Пауер сега се обистинија.

Стив Волш е нов директор на фудбалскиот клуб Евертон!

Волш во текот на својата кариера работеше  и како скаут за Бури, Честер Сити и Челси, а беше човек кој на управата на Стенфорд Бриџ препорача некои од најзначајните играчи на тој клуб во историјата.

Тој имено беше најзаслужен и за доаѓањето на Џанфранко Ѕола и Дидие Дрогба меѓу лондонските Сини.

Потоа Волш премина во редовите на Њукасл Јунајтед каде што почна да соработува со Најџел Пирсон.

Го проследи Пирсон во Лестер, па во 2008 година во Хал Сити, а остана со нив и кога овој се врати меѓу редовите на Лисиците.

Пирсон во 2015 година доби отказ во Лестер, а Волш остана.

Тој носи заслуги за доаѓањето на тројца клучни играчи на Лестер од минатата сезона, Марез, Варди и Канте, а во текот на минатата сезона Венгер беше спремен да плати милион фунти на клубот од Кинг Пауер за услугите на искусниот скаут.

Сега сепак Евертон успеа да го убедат да им се придружи, а се претпоставува дека сопственикот на клубот од Гудин Фарад Мошири „вмеша прсти„ во целата приказна.

Поставен е за директор на фудбалот (спортски директор) во редовите на Карамелите, и сега Куман може да се опушти, како што одличниот Волш од сега ќе води сметка за трансферите на клубот од Ливерпул.