Лестер си договори португалски репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Лестер договориле одлично засилување кое ќе игра во клубот од следната сезона.

„Радио Марка“ пренесува дека англискиот тим се договорил со Реал Бетис за нивниот играч,  Вилијам Карвалјо.

27 годишниот играч од средниот ред беше предмет на интерес на големите клубови ширум Европа додека играше за Спортинг Лисабон, но во 2018 година изненади многумина кога се реши да потпише за Бетис.

Таквиот негов потег не се покажа како најдобар затоа што тој стагнираше во кариерата, а сега спас ќе бара во тимот на Лестер кој и оваа сезона е пријатно изненадување во Премиер лигата.