Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Екипата на Лестер мора да мисли на следната сезона, која би можела да биде пеколно тешка.
“Лисиците” ќе играат на четири фронта и нема да им биде ниту малку лесно, па Клаудио Раниери сака да ја засили конкуренцијата во тимот.
Како што пренесува “Скај Спорт” Лестер понуди 12.5 милиони за фудбалерот на Барнли, Мајкл Кин кој потекнува од фудбалската школа на Манчестер Јунајтед, но на “Олд Трафорд” никогаш не доби шанса.
Кин веќе помина една сезона во Лестер, бидејќи во тој клуб настапуваше во 2012/2013 година како позајмен играч.
Истовремено италијанските медиуми пишуваат дека Раниери го означил, М’Баје Нијанг како прва мета за напаѓачката линија.