Летаат казни во Лацио: Прв на мета е Милинковиќ – Савиќ…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доста прашина се подигна по неочекуваниот пораз на Лацио на „Олимпико“ од прежалениот Киево.

За потсетување, репрезентативецот на Србија заработи директен црвен картон по фаулот, поточно шутирањето на противничкиот играч Степинкс.

До крајот на мечот и болниот пораз кој Римјаните би можел да ги чини Лига на шампиони, црвен картон исто така доби и Луис Алберто.

Сергеј Милинковиќ Савиќ по мечот се извини на навивачите, играчите и тренерот, но Симеоне Инзаги овој непромислен потег на својот играч го окарактеризира како клучна причина за губењето на бодовите.

Ќе следат и финансиски казни за обајцата играчи, СМС ќе биде казнет со 50 илјади евра додека Алберто по пишувањата на италијанските медиуми ќе добие помалку, олеснителна околност за Шпанците што неговото исклучување дојде на самиот крај на мечот во продолжението.

Исто така, обајцата играчи најверојатно ќе бидат казнети со суспензија од два претстојни меча во Италија.