Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Летниот преоден рок за Барселона не оди според планот кога станува збор за засилувања во офанзивата. Најавуваа големи работи, и тројца фудбалери беа поврзувани со Каталонците, а сега е јасно дека ниту еден од нив нема да потпише за Барселона.
Барселона летото го започна со доведување на голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, кој потпиша на повеќегодишен договор и беше платен околу 25 милиони евра.
Потоа челниците на клубот започнаа акција за засилување на десното крило, и на листата желби ги имаа Нико Вилијамс, Луис Диаз и Рафаел Леао, но стана јасно дека ниту еден од нив нема да дојде.
Барса сѐ насочи кон доведувањето на Вилијамс, со кого беа сѐ договорени, но тој ги шокираше втора година по ред затоа што се предомисли во последен момент и одлучи да остане во Билбао.
Потоа Деко го контактираше Луис Диаз од Ливерпул кој исто така беше на листата желби, но изгледа дека и од Колумбиецот нема ништо оти германските медиуми објавија синоќа дека тој веќе сѐ договорил со Баерн.
На списокот желби на Барселона остана уште Рафаел Леао од Милан, но и тука пристигна ладен туш бидејќи Росонерите јасно покажаа дека Португалецот не е на продажба.
Тренерот на овој тим Макс Алегри порача дека Леао следната сезона ќе биде еден од најважните играчи во неговата екипа и дека во клубот воопшто не размислуваат за неговата продажба без разлика каква понуда добијат.
Фото: Grok AI