Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот селектор Јоаким Лев најави неодамна дека ќе го напушти кормилото на германската репрезентација по Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи летово.
Лев имаше одлични резултати на чело на германската репрезентација, со која во 2014 година го освои Светското првенство (СП), но по 15 години реши дека е време за промена.
Шпанските медиуми пишуваат дека Лев почнал да учи шпански јазик затоа што планира да работи во Шпанија, а неговото име се поврзува со клупата на Реал Мадрид.
„Кралевите“ покажаа интерес за Лев во 2014 година кога го освои СП, но не е исклучена можноста да го наследи Зинедин Зидан на кормилото уште летово, зашто Французинот сака да ја тренира француската репрезентација.