Левандовски дојде во Минхен, па навивачите му скандираа „Хала Мадрид“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберт Левандовски се врати во Минхен, но на навивачите не им се допадна тоа што Полјакот реши да ја засили Барселона.

Левандовски потпиша за Барселона за 50 милиони евра, а вчера пристигна во поранешниот клуб за да се збогува со пријателите.

„Роберт беше во мојата канцеларија за да се поздравиме. Зборувавме 15 минути и ги расчистивме сите работи. Знае и тој колку треба да му биде благодарен на Баерн“, кажа спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

На интернет се појави снимка на која може да се забележи дека Левандовски со автомобил го напушта тренинг-центарот на Баерн, а навивачите му скандираат „Хала Мадрид“.