Левандовски донесе конечна одлука за неговата иднина


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски донесе конечна одлука за продолжување на кариерата, а ја соопшти и на управата на Барселона.

Триесет и седумгодишниот напаѓач е во Барселона од 2022 година, игра одлично и редовно постигнува голови, но договорот му истекува на крајот од сезоната, и веќе се шпекулира дали ќе остане или ќе замине.

Неколку клубови од Саудиска Арабија го посакуваат Левандовски, исто како и европските клубови како Милан, Фенербахче и Галатасарај кои се подготвени да му понудат атрактивна плата.

Сепак, според информациите од шпанските медиуми, Левандовски има само една мисла на ум, а тоа е да остане во Каталонија.

Пини Захави, неговиот агент, веќе го пренесе ова на Жоан Лапорта, претседателот на клубот, на неодамнешна средба. Левандовски дури е подготвен да се откаже од значителен дел од својата плата, што би било огромно значење за клубот од Камп Ноу.

Меѓутоа, одлуката за тоа ќе биде донесена дури кон крајот на сезоната, бидејќи Полјакот веќе почна да се жали на неколку здравствени проблеми. Се разбира, и Барселона има збор во тоа, и засега не се познати плановите на клубот за новата сезона и дали има желба да го задржи Полјакот или да доведе помлад центарфор.

Оваа сезона одигра 12 натпревари и во нив постигна осум гола со две асистенции во Ла Лига, додека нема учинок во петте натпревари од Лигата на шампиони.

Двапати го освои шампионатот на Шпанија, а на добар пат е да дојде до третиот. Барселона игра одлично и има четири поени повеќе од Реал Мадрид.

Во последниот лигашки натпревар оваа година, Барселона на 21 декември ќе гостува кај Виљареал, но пред тоа игра меч од Купот на Кралот против Гвадалахара, кој е на програмата во вторник.