Левандовски е минато: Машината од Косово станува новата „деветка“ на Барселона!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона, како што изгледа, најде замена за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенхајм и репрезентацијата на Косово, Фисник Аслани.

Роберт Левандовски ги одбројува последните денови во Барселона. Легендарниот Полјак ги спакува куферите и си заминува по четири години, веројатно ја продолжува кариерата во Соединетите Американски Држави.

Барселона одамна бара замена и изгледа дека го нашле. Новата “деветка” на каталонскиот гигант веројатно ќе биде напаѓачот од Косово, Фисник Аслани.

Агентот на 23-годишниот фудбалер на Хофенхајм ги потврди преговорите со Барселона околу трансферот. Наскоро сè би можело да стане официјално.

“Агентот на Фисник Аслани го потврди интересот на Барселона за овој напаѓач. Првите контакти се веќе воспоставени”, пишуваат каталонските медиуми.