Левандовски го чека уште еден гигант, тандем со Србин или негова замена?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роберт Левандовски е на мета на Јувентус. Газета дело спорт тврди дека скаутите на Јувентус го следеле Левандовски во последно време, како и на натпреварот против Албанија каде што постигна гол. 

Левандовски е во последната година од договорот со Барселона, не е невозможно дека Каталонците ќе му понудат продолжување на соработката до летото 2027 година, но со значително намалување на платата.

Полјакот повеќепати повтори дека е среќен во Барселона, но е големо прашање дали навистина би се согласил да продолжи да игра за двојно помали пари. Исто така, Ханси Флик не смета на него како прв напаѓач, бидејќи сака да го донесе Хулијан Алварез, што може да влијае на одлуката на Роберт Левандовски.

Што се однесува до Јувентус, познато е дека Душан Влаховиќ е близу потпишување на нов договор, но Џонатан Дејвид и Лоис Опенда не ги исполнија очекувањата и не е невозможно дека Италијанците ќе ги продадат веќе следното лето.