Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски во претходните два дена беше во Минхен, каде што се збогуваше со поранешните соиграчи и вработени во Баерн минхен.
Левандовски по трансферот во Барселона најави дека ќе се врати во Минхен за да се збогува од неговите колеги и го одржа ветувањето.
Сите во клубот од него добија по еден шампањ вреден 300 евра, а притоа и фотографии и автограми од Полјакот.
Полјакот решил и да се смири со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, откако во претходните денови паднаа тешки зборови на двете страни.
Салихамиџиќ потврди дека постигнал џентлментски договор дека нема да зборуваат лошо еден за друг во иднина.