Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски и натаму е еден од најценетите голгетери, иако се приближува кон петтата декада. Веќе петнаесет години игра елитен фудбал, а откри дека бил на прагот на трансфер во Олд Трафорд.
Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што ги тресеше во Германија. А според неговото лично признание, малку фалело да ги тресе и во Премиер лигата, бидејќи во 2012 година бил на прагот на преселба во Манчестер Јунајтед.
– Му реков „да“ и тоа е вистина. Но Борусија не сакаше да ме продаде, сметале дека за година, две, ќе вредам повеќе – рече Левандовски.
Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да си замине од Дортмунд две години подоцна. Но, отиде во Бајерн и тоа како слободен играч, па Борусија не доби ниту цент за него. Во Бајерн го играше фудбалот на животот, а и во Шпанија покажува каков голгетер е. Сепак, малку жали што не се испробал во најсилната лига на светот.
Фото: Grok AI