Левандовски на праг да урне рекорд на Роналдо во ЛШ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роберт Левандовски игра фантастично, па против Челси стигна до 13. погодок сезонава во Лигата на шампиони, а тоа го донесе на праг да го урне историскиот рекорд на Кристијано Роналдо од сезоната 2013/14.

Роналдо тогаш успеа да постигне 17 голови, а 2016 година имаше 16 погодоци во елитното натпреварување.

Баерн Минхен делува како сериозен кандидат за титулата во ЛШ, а Левандовски би можел да им помогне во тоа и да го урне рекордот на Роналдо.