Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Иако некои извори пишуваа дека Роберт Левандовски размислува за заминување во пензија доколку Барселона не му понуди нов договор, Полјакот ги демантираше таквите гласини.
Левандовски на собирот на репрезентацијата на Полска зборуваше за својата иднина, но не сакаше многу да открие. Сепак, јасно е дека нема намера да се пензионира.
“Целосно сум фокусиран на оваа сезона и да го извлечеме најдоброто од неа. Не размислувам за тоа што ќе биде следната сезона и дали ќе бидам во Барселона. Дури и ако клубот сега ме контактира да преговараме, би одговорил дека сакам да ја почекам летото и да видам што е најдобро за мене и за моето семејство”, рече Левандовски.
Најверојатно, Левандовски и неговото семејство се одушевени од животот во Барселона и најрадо би останале да живеат во Каталонија. Сепак, моментално малку се шансите клубот да му понуди нов договор, иако Полјакот е физички во одлична форма и покрај фактот дека летово полни 38 години.
“Велат дека се опоравувам побрзо од другите? Таков сум, тоа е во мојата крв”, рече подготвениот Левандовски кој со хет-триком за викендот покажа дека сè уште не е за „фрлање“.
















