Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски оваа сезона игра неверојатно во дресот на Баерн Минхен. Тој досега во сите натпреварувања постигна 45 голови и покажа дека со причина е еден од најдобрите во светот.
Полјакот во Баерн стигна во 2014 година од Борусија Дортмунд како слободен фудбалер и се покажа како огромно засилување.
Германските медиуми објавија дека Левандовски имал можност и сакал да се пресели во Реал Мадрид.
„Во еден момент тој сакаше да замине во Реал само затоа што таму играше Кристијано Роналдо. Јас успеав да го убедам дека треба да биде прв напаѓач во клубот и дека покрај Карим Бензема не би бил тоа во Мадрид“, кажа Цезари Кучарски, неговиот поранешен агент.