Левандовски, сепак, на крајот ќе добие „Златна топка“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски вчера не ја освои „Златната топка“, иако беше фаворит за неа, но загуби во изборот за 33 гласови од Лионел Меси.

„Франс Фудбал“ пред церемонијата објави дека по првпат ќе бира и најдобар напаѓач во светот, а веднаш беше јасно дека Левандовски нема да ја освои „Златната топка“.

Германските медиуми пишуваат дека Левандовски, сепак, би можел да добие престижна награда, но не од страна на „Франс Фудбал“, туку од првиот освојувач на наградата, а тоа е Луис Суарез Мирамонтес.

Легендарниот фудбалер се јави неколку недели пред одржување на церемонијата во Париз и кажа дека Левандовски мора да ја добие наградата, а ако не се случи тоа, тогаш тој ќе му ја даде неговата.

„Дајте му ја наградата на Левандовски, во спротивно јас ќе му ја дадам мојата“, порача Мирамонтес.