Левандовски за трансферот на Сане во Баерн: Тој сигурно би ни помогнал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги подгреа шпекулациите за доаѓањето на Лерој Сане во неговиот клуб.

Веќе долго време се шпекулира дека младиот офанзивец би можел да го облече дресот на Баерн Минхен, а Левандовски сега потврди дека играчот сигурно би му помогнал на клубот.

„Постојат шпекулации. Можам само да кажам дека е одличен играч кој поседува одлични потези. МОже многу добро да се вклопи со останатите играчи. Не само во Премер лигата или во Лигата на шампионите, тоа го гледавме и во Шалке. Тој сигурно може многу да ни помогне за нови решенија во нашата игра“ –изјави Левандовски.