Левандовски засега не мрда од Барселона, но откри кога би си заминал

Полскиот голгетер Роберт Левандовски не планира да замине од Барселона на крајот на сезоната, иако имаше шпекулации дека ќе се пресели во Саудиска Арабија или САД.

Левандовски вчера постигна хет-трик против Валенсија, по што кажа дека сака да остане во Барселона.

„Не е возможно да си заминам од Барселона ова лето, но тоа не е тема за која има нешто да се зборува. Физички се чувствувам одлично и верувам дека така ќе биде во нареднте две сезони. Тогаш веќе нема да бидам физички на повисоко ниво, па ќе размислувам за мојата иднина и заминување“, кажа Левандовски.