Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби продолжение на договорот од Леванте на уште три години, па така играчот за врска треба да остане во екипата до 2024 година, меѓутоа шпанскиот тим, кој е пред испаѓање од Ла Лига, планира да го продаде талентираниот фудбалер.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барди се согласил да остане во тимот до крајот на сезоната, а потоа ќе биде продаде во друга екипа, а интерес за него покажаа Реал Сосиедад, Бетис, Милан и уште неколку екипи.
Барди во моментов вреди околу 10 милиони евра, па толку и очекува Леванте да заработи од неговиот трансфер затоа што не може премногу да преговара поради лошата финансиска ситуација.
Македонскиот фудбалер пристигна во Леванте во 2017 година и стана еден од најдобрите играчи на екипата, но очигледно нема уште долго да игра за шпанскиот клуб.ѓ