Лејкерси загубија, но Леброн ќе биде горд на својот син (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс без помошта на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс доживеаја убедлив пораз на домашен терен против Милвоки Бакс со резултат 118:89.

Во тимот на Лејкерс не беше ни Остин Ривс, а сето тоа го искористи Јанис Адетокумпо кој го заврши натпреварот со 28 поени, додека 23 даде Гери Трент.

Податок од рубриката „верувале или не“ дефинитивно е дека најдобар поединец кај Лејкерс на овој натпревар беше синот на Леброн, Брони Џејмс кој го заврши натпреварот со 17 поени.